МОРТУС ПИЈАН НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА СО „101“ ВО ПЕПЕЛИШТЕ Кавадарчанец заработи пријава за безобѕирно возење

При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило ‘застава 101’ со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта, наведуваат од СВР Велес.

1,059

Пијан, со 3,32 промили алкохол во крвта, 43-годишен кавадарчанец управувал „застава 101“ и учествувал во сообраќајна несреќа во селото Пепелиште кај Неготино. Инцидентот се случил синоќа околу 19:20 часот, кога полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Ф., потврдија од Секторот за внатрешни работи Велес, јави СВР Велес.

„При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило ‘застава 101’ со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта“, наведуваат од СВР Велес.






Меѓутоа, поради високото ниво на алкохол, С.Ф. бил веднаш приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документирањето на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик

Поврзани содржини