📽️ 📷 МАКЕДОНИЈА ТОНЕ ВО ТАГА ПО СМРТТА НА ПАНЧО Фановите, соработниците и музичките ѕвезди се простуваат со емотивни пораки

Седум месеци по трагичниот пожар во Кочани, пејачот не успеа да се избори со повредите, Македонија ги дели солзите за својот омилен музичар.

4,790

По седум месеци борба со тешките повреди од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загина и неговиот колега Андреј, пејачот Владимир Блажев – Панчо почина во приватната болница „Систина“.

Веста за смртта на Панчо веднаш предизвика бура од емоции на социјалните мрежи – фановите, блиските соработници и бројни познати личности од македонската музичка сцена се простуваат од него, изразувајќи неизмерна тага и споделувајќи сеќавања на неговата харизма и музичката енергија.






„Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“, напиша Перо Антиќ.

„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, стои во  пораката на Миа Костова.

„Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите“, напиша Антониа Гиговска.

„Душата ми е распарчена стари…
Не сакам да верувам во ова што го читам и гледам.
Ти ми беше еден од ретките луѓе кои не бев сродство по крв, но го чувствував како роден брат.
Секогаш знаеше да ме дигнеш кога ќе паднам, беше тука за мене во најтешките и најсреќните моменти од мојот живот, знаеше да ме вратиш назад во живот како никој друг…
Стари мој, се што и да пишам за тебе е малце, ваква величина како тебе има само датум на раѓање, и еден цел живот е малце за благодарноста која што ја чувствувам секој ден од кога те запознав.
Никогаш нема да те заборавам, и ветувам ќе ја носам љубовта во мене како што само ти ме учеше. Фала ти за се, и се гледаме на друго место. Почивај во мир, ќе ми фалиш… 💔“, напиша Таско.

 

„Подаваше рака. Ми ги читаше книгите и секогаш сакаше да поддржи. Многу ми е жал. Без зборови сум. ДНК ќе живее вечно со вашата музика. Се поклонувам. Фала ти Панчо за сѐ. Сочувство до семејството“, пишува писателката Ксенија Николова.

Над дваесет години на заедничката музичка патека, Панчо и Андреј, познати како ДНК, оставија неизбришлив печат на македонската музичка сцена. Нивните песни не само што станаа евергрини туку и длабоко се врежаа во срцата на многумина, благодарение на емотивните стихови кои допираа до душата.

„Што и да сакам да кажам, малку е.. Не излегува од грлово… Почивај во мир голем човеку“, напиша пејачката Нина Јанева.

„Пред една година ја снимивме ‘Чаршија’… остана само да збори цела чаршија и целиот свет за вашите дела, музика, музичка група, човечност. Фала ви“, е последниот поздрав од Бока Конга.

„Патувај стари, не издржа. Светол нека ти е патот“, Тијана Скулиќ.

„Немам зборови, душава ме боли. Широко небо Панчо“, пишува во пораката на Ева Јакимовска.

„Многу спомени, а само убави ме врзуваат за тебе. Царството небесно сега има уште еден ангел. Јас сум сигурен дека ти го најде својот спокој, иако болката и тагата се огромни за сите нас. Почивај во мир голем човеку“ – напиша Даниел Николовски.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kikss (@kiki_mukaetova)

„Скокав и плачев од радост кога те слушнавме летово. Денес, огромна тага и гнев. Зошто? Те познавав кратко, но вистинска чест ми е што запознав голем човек пред сѐ. Широко небо Панчо, пеј со ангелите горе. Те сакаме“ , стои во поздравот од Кики Мукаетова.

Меѓу другите се Игор Стефановски – ИЏЕ, Иван Јованов, Лара Иванова, гитаристот Горан Тонев, Моника Црнокрак, Снеже Велков, Мартин Кириловски, Александар Галоски, Светлана Црнокрак……

Покрај објавите повеќето од познатите ги вметнуваат познатите песни „Ако утре ме нема“ и „Романи“ за кои беа едни од најпознатите на дуото ДНК, покрај големиот број хитови што ги имаа во нивното 20-годишно постоење.

ТАЖНА ВЕСТ, ПОЧИНА ПАНЧО ОД ДНК Пејачот не успеа да се избори со повредите од трагедијата во „Пулс“

Поврзани содржини