📽️ ЕРДОГАН Ѝ РЕЧЕ НА МЕЛОНИ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ПУШИ! Турскиот претседател ја искара премиерката на Италија, се вмеша и Макрон

Во книгата, заснована на серија интервјуа, Мелони признала дека повторно почнала да пуши 13 години откако престанала да пуши.

2,150

На маргините на мировниот самит за Газа во Египет, беше снимен разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, италијанската премиерка Џорџа Мелони и францускиот претседател Емануел Макрон.

– Изгледаш одлично. Но, морам да те натерам да престанеш да пушиш – ѝ рекол Ердоган на Мелони.






Макрон, стоејќи до нив, остро одговорил: „Тоа е невозможно!“

– Знам, знам. Не сакам никого да убијам – одговорила Мелони.

Во книгата, заснована на серија интервјуа, Мелони признала дека повторно почнала да пуши 13 години откако престанала да пуши.

Но, таа исто така рекла дека пушењето ѝ помогнало да се поврзе со други политичари, вклучувајќи го и тунискиот претседател Каис Саид.

 

Поврзани содржини