📽️ „УБИЈА ДЕТЕ ВО ЦРКВА ВО КОСТЈАНТИНОВКА“ Зеленски бара светот да возврати на 4.000 руски напади

Москва ги зголемува нападите знаејќи дека светското внимание е свртено кон Блискиот Исток, изјави укранскиот лидер барајќи санкции и меѓународни акции по минатонеделните руски напади врз Украина. Тој вели дека вчера, 11 октомври, во Костјантинивка, дете било убиено во црква од воздушна бомба.

1,233

Во црква во Костјантинивка, руската армија усмртиле дете, обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски, по што повика на итен глобален одговор, јави Гардијан. Украина неделава се соочила со повеќе од 4.000 воздушни напади, 3.100 со беспилотни летала, 92 со проектили и 1.360 со т.н. едрилички бомби, при што биле целени цивилни зони, енергетска инфраструктура и објекти за богослужба.

Притоа, Зеленски во видео обраќање предупредил дека Русија „отворено ја користи меѓународната преокупација со конфликтот во Газа за да го ескалира теророт во Украина“.






– Москва ги зголемува нападите знаејќи дека светското внимание е свртено кон Блискиот Исток – изјави тој.

Понатаму, претседателот на Украина го потенцирал значењето на континуираните санкции и мерки против финансиерите на војната.

– Не смее да има попуштање. Санкции, царини, меѓународни акции против купувачите на руска нафта мора да останат – дециден бил Зеленски.

Според него, само ваков пристап може да ја донесе Европа до траен мир, дури и паралелно со мировните обиди на Блискиот Исток.

Уште повеќе, тој повторил дека Украина бара санкции и против Кина и Индија, двете најголеми купувачки сили на руската сурова нафта, кои индиректно го одржуваат инвазивниот апарат на Кремљ.

Од друга страна, украинските власти соопштиле дека четири цивили загинале во Доњецкиот и Керсонскиот регион, при што две жртви биле од Костјантинивка, градот каде што руската воздушна бомба усмртиле дете среде црква.

Според видеото објавено од Зеленски, нападите се случиле и во Суми и во Харков, а снимките покажуваат разрушени згради и пламени пожари.

 

Поврзани содржини