📽️ ОСУДЕН БРАТОТ НА НИКОЛА ЈОКИЌ Страхиња доби условна казна за напад на навивач за време на плејоф натпреварот во Денвер
Инцидентот од април 2024 година заврши со условна казна за братот на НБА ѕвездата, нападнатиот навивач добил потрес на мозокот.
Постариот брат на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, Страхиња доби условна казна од 12 месеци поради напад врз навивач за време на плејоф натпреварот на Денвер Нагетс, објави американскиот портал „TMZ Sports“.
Пресудата беше изречена во судот во Денвер, откако Страхиња се изјасни за виновен за нелегален влез на теренот и нарушување на јавниот ред и мир, соопшти обвинителството.
Инцидентот се случил на 22 април 2024 година, на натпреварот меѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс, кога камерите го забележале моментот во кој Страхиња удира навивач во лицето веднаш по завршувањето на натпреварот.
Според официјалните извештаи, нападнатиот маж добил потрес на мозокот како резултат на ударот.
Nikola Jokic’s older brother Strahinja threw a punch at a fan following the Nuggets’ 20-point comeback win vs. the Lakers 👀
(via cgallegos67/TT)pic.twitter.com/gjYzt7c1kE
— ClutchPoints (@ClutchPoints) April 23, 2024
Иако првично Јокиќ тврдел дека само бранел постаро лице кое се наоѓало во негова близина, подоцна го променил исказот и прифатил вина.
Судењето започна во август 2025 година, а обвинетиот редовно се појавувал пред Окружниот суд во Денвер. Страхиња беше познат по тоа што редовно присуствуваше на натпреварите на својот брат Никола, но не е познато дали повторно се појавил во „Бол Арената“ по инцидентот.
Во меѓувреме, Никола Јокиќ се подготвува за својата 11-та НБА сезона, која започнува на крајот од октомври.