ПОЧИНА БАСИСТОТ НА МУДИ БЛУЗ Семејството ја потврди тажната вест за смртта на легендарниот рок-музичар
Џон Лоџ, пејач и басист на легендарниот рок бенд „Муди Блуз“, почина на 82 години, пишуваат медиумите, а семејството ја потврди веста за неговата смрт на Фејсбук. Бендот беше најпознат на песната „Nights In White Satin“ (1968), а последен пат настапија заедно во 2018.
Џон Лоџ, пејач и басист на легендарниот рок бенд „Муди Блуз“, почина во својот дом, потврди неговото семејство за медиумите.
Музичарот имаше 82 години. Неговото семејство ја потврди веста, велејќи дека тој си заминал „ненадејно и неочекувано“.
Семејната изјава гласеше:
– Со најдлабока тага објавуваме дека Џон Лоџ, нашиот сакан сопруг, татко, дедо, свекор и брат, ненадејно и неочекувано не напушти.
Како што знае секој што го познаваше овој човек со големо срце, неговата трајна љубов кон неговата сопруга Кирстен и семејството му беше најважна, проследена сод неговата страст кон музиката и верата. Џон почина мирно опкружен со своите најблиски и звуците на групата Еверли Брадерс и Бади Холи. Засекогаш ќе ни недостига неговата љубов, насмевка, љубезност и неговата апсолутна и непоколеблива поддршка.
Нашите срца се скршени, но ќе продолжиме напред во мир опкружени со љубовта што ја имаше кон секој од нас. Како што Џон секогаш би рекол на крајот од шоуто, ви благодариме што ја одржувате верата.
Муди Блуз се формираа во Бирмингем во 1964 година, а нивниот прв сингл, „Go Now“, се проби на првото место. Лоџ се придружи две години подоцна, останувајќи со групата во текот на нивните многу децении успех, што доведе до нивно вклучување во Куќата на славните на рокенролот.