ПОЧИНА ПОЗНАТ СРПСКИ РЕЖИСЕР Здравко Шотра беше автор на „Зона Замфирова“ и „Бољи живот“

Српскиот режисер и сценарист Здравко Шотра, кој режираше над 120 телевизиски и филмски продукции со висока гледаност и на телевизија и во кината, почина синоќа на 93-годишна возраст, јавува РТС.

127

На 93-годишна возраст почина Здравко Шотра, српски режисер и сценарист, автор на некои од најгледаните телевизиски и филмски класици во поранешна Југославија.

Во неговиот богат опус се вбројуваат повеќе од 120 филмски и телевизиски остварувања, меѓу кои култните „Зона Замфирова“, „Лаење на ѕвездите“, „Ивкова слава“, „Повеќе од игрa“, „Приказни од работилницата на мајсторот“, „Гревот на нејзината мајка“, „Ранетиот орел“, „Лице в лице“, како и незаборавните серии „Врућ ветар“, „Грлом у јагоде“ и „Бољи живот“.






Роден е во Столац во 1933 година, дипломирал режија во Белград во класата на професорот Вјекослав Африќ, а целата своја професионална кариера ја поминал на Телевизија Белград, каде што работел од нејзиното основање во 1958 година до 2001 година.

Зона Замфирова беше еден од најпопуларните филмови и во Македониjа откако беше снимен во 2002 година.

 

Поврзани содржини