ЌЕ БИДЕ ВЕТРОВИТО И ДОЖДЛИВО Што нѐ чека утре и кои градови да се подготват
Утре ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд и засилен северен ветер, додека четврток носи сончево време и постепено стабилизирање на времето.
Променливата временска состојба ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 во Маврово до 13 во Гевгелија, а максималните дневни од 5 во Маврово и 16 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 14 степени.
В четврток нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 4 степени до 10 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 20 степени.
Метеоролозите за во четврток најавуваат сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 16 степени до 21 степени.