📽️ ЧЕТИРИ КУРШУМИ ВО ТЕЛОТО НА КАНДИДАТОТ Повредениот од пукањето е пренесен во Скопје и е надвор од животна опасност

Инцидентот се случил сред бел ден на крстосницата кај улиците Димитрија Туцаковиќ и 11 Октомври во центарот на Куманово, при што бил ранет 43-годишен маж од Липково. Неофицијално Плусинфо дознава дека мотовите на нападот биле од лична природа, а не како што се сомневаше поради политичка.

2,698

Повредениот од денешното пукање во центарот на Куманово е надвор од животна опасност, потврдија од Општата болница Куманово. Настанот се случил на крстосницата меѓу улиците Димитрија Туцаковиќ и 11 Октомври, во непосредна близина на зградата на Општината и другите институции.

Директорот на кумановската болница, д-р Сашо Стошевски, изјави дека пациентот е примен со повеќе прострелни рани, но неговата состојба е стабилна.






– Лицето е примено со четири прострелни рани во пределот на левата подлактица и десното колено. Направени се сите иследувања – рендген и компјутерска томографија. Лицето е вон животна опасност. Со возило на болницата е пренесено на клиниките во Скопје – изјави Стошевски.

Од Ургентниот центар при ТОАРИЛУЦ потврдија дека кај нив е донесено повреденото лице и најавија дека дополнително ќе соопштат детали за неговата здравствена состојба.

Според неофицијални информации, ранет е Зекирија Шаини (43) од село Слупчане, носител на советничката листа на коалицијата на ДУИ во Општина Липково. Според првичните податоци, бил застрелан со два до три куршуми во близина на зградата на Фондот за пензиско осигурување.

Од МВР потврдија дека во инцидентот е повреден З.Ш.(43) од Слупчане.

„Денеска во 13:54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од улицата Димитрије Туцовиќ со улицата 11 Октомври две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило фолксваген голф, управувано од З.Ш.(43) од с. Слупчане, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово“, соопштија од Министерството.

Полицијата веднаш го блокирала целиот потег околу улицата 11 Октомври, каде се наоѓаат судот, полицијата и поштата. Екипи на крим техника вршат увид на местото на настанот.

Од Основното јавно обвинителство Куманово информираа дека двајца јавни обвинители излегле на терен и вршат увид.

– Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви, но сите околности се проверуваат – велат од обвинителството.

Истражните органи продолжуваат со интензивна потрага по сторителите на вооружениот напад.

РАНЕТ КАНДИДАТ ЗА СОВЕТНИК ВО ЛИПКОВО Пукање пред општинската зграда во Куманово

Поврзани содржини