РАЗГОВОР ЗА КОСТА СОЛЕВ – „ЛУНАТИК, ЉУБОВНИК, ПОЕТ, РЕВОЛУЦИОНЕР“ Промоција на книгата „Смртопис“ од Наум Пановски
Повод за разговорот е штотуку објавената книга „Смртопис“ од Наум Пановски, во која авторот ги опишува трите големи љубови на поетот - Малина Поп Иванова, Невенка Вуиќ и Лилјана Чаловска.
В четврток, од 19 часот во галеријата Остен ќе се одржи разговор посветен на Коста Солев под наслов „Лунатик, љубовник, поет, револуционер“.
Повод за разговорот е штотуку објавената книга „Смртопис“ од Наум Пановски, во која авторот ги опишува трите големи љубови на поетот – Малина Поп Иванова, Невенка Вуиќ и Лилјана Чаловска.
„Оваа отворена средба отвора можност да се поразговара за еден краток живот, на еден човек, на еден голем поет, од еден мал народ, само бројчано мал, чијшто силен глас беше самиот тој и со којшто народ Коста Солев се поистоветуваше. Човек којшто беше во постојана борба со себе, а уште повеќе во борба со оној догматски, идеолошки затворен ум и со светот околу него. Во борба и против фашизмот и против сталинизмот во редовите на неговата комунистичка пратија. Во борба со светот кој многу често го отфрлаше и погрешно го разбираше. Оваа средба сакаме да биде само една скромна ода на уметникот кој со средствата на својата уметност, со својата моќна поезија, сакаше во името на сѐ она што е добро и хумано, да се спротивстави на секоја идеологија и да се бори со секоја репресивна власт. Човекот можеше да се вика Прометеј, Антигона, Хамлет, Коста Треплев. Но тој се викаше едноставно, Коста Солев“, се наведува во поканата за промоцијата.