ЕВРОПА СТАНУВА ЗАВИСНА ОД АМЕРИКАНСКИОТ ТЕЧЕН ГАС Сега се чека Трамп да го удри есапот

Течниот природен гас ќе покрие 48% од вкупното европско снабдување со гас оваа година. За споредба, пред десет години LNG покриваше само 10% од европските потреби, додека во 2021 година уделот беше 23%, пред Унијата драстично да го намали увозот на руски гас.

151

Европа последните години станува зависна од американскиот гас. За да ја помине оваа зима, ќе мора да увезе дополнителни 160 танкери со течен природен гас (LNG) како резултат на помалиот капацитет за складирање и помалиот прилив на гас преку цевководи од Русија и Алжир.

Се очекува Европската Унија годинава вкупно да увезе 820 танкери со течен природен гас, што е многу повеќе од лани кога увезе 660 танкери.






Според аналитичарите, само во зимскиот период, на ЕУ ќе ѝ бидат потребни околу 16 милијарди кубни метри гас.

Течниот природен гас ќе покрие 48% од вкупното европско снабдување со гас оваа година. За споредба, пред десет години LNG покриваше само 10% од европските потреби, додека во 2021 година уделот беше 23%, пред Унијата драстично да го намали увозот на руски гас.

Американскиот LNG веќе ја спаси Европа од голема енергетска криза во 2022 година, но растечката зависност предизвикува загриженост за потенцијалните тарифи од претседателската администрација на Доналд Трамп.

Според проценките на аналитичарите, САД веќе обезбедуваат 58% од вкупниот европски увоз на течен природен гас, а во периодот 2026-2029 година тој удел дополнително ќе се зголеми на околу 70%.

Полнењето на европските капацитети за складирање гас беше 82,75% на почетокот на октомври, што е помалку од 94,32% минатата година и најниско ниво од 2021 година.

Доколку трендот продолжи, европските залихи на гас би можеле да паднат на само 29% од капацитетот до март 2026 година, што би било најниско ниво во последните 7 години.

Поврзани содржини