ЕДНИОТ ОД БРАЌАТА КОИ ЗАГИНАА НА АЛПИТЕ БИЛ ЖЕНЕТ Другиот бил на прагот на свадба
Телата на загинатите беа пронајдени од словенечките и хрватските спасувачки екипи. Браќата биле од Каштел Лукшиќ, едно од седумте населени места што го сочинуваат градот Каштела во Хрватска. Третиот загинат планинар е нивен пријател од Солин. Останатите четворица кои преживеја останале во планинарскиот дом. Меѓу нив е 40-годишен келнер од Суќурац.
Младоженец од Хрватска, неговиот брат кој бил на прагот од свадба и нивен пријател од Солин се тројцата планинари кои загинаа на Јулијските Алпи. Весникот „Слободна Далмација“ не ги откри нивните иницијали, но ја сподели тажната приказна, за, како што се вели, браќата од Каштел.
Се смета дека едниот од браќата бил на 32, додека другиот на 26 години. „Лавината им ја заледи среќата“, пишува весникот истакнувајќи дека оженетиот брат имал свадба само пред неколку месеци. Нивната фамилија во моментот патува за Словенија.
Снежна лавина ги проголтала браќата и нивниот пријателот од Солин планинракај врвот Тоск. Останатите четворица планинари кои останале во домот преживеале.
Телата на загинатите беа пронајдени од словенечките и од хрватските спасувачки екипи. Браќата биле од Каштел Лукшиќ, едно од седумте населени места што го сочинуваат градот Каштела во Хрватска.
Преживеале четворица нивни сопатници. Еден од нив, 40-годишен келнер од Каштел Суќурац, успеал да се јави на своите блиски и да им каже дека е жив.
Претседателот на Шумската спасувачка служба на Бохињ, Миха Арх, кој ја води потрагата во која учествуваа повеќе од 70 спасувачи, изјави денеска дека лавината ги одвлекла планинарите во тесен клисурест предел околу 350 метри подолу.
На местото на несреќата денеска пристигнаа и министрите за внатрешни работи на Словенија и Хрватска, Боштјан Поклукар и Давор Божиновиќ.
Планината Тоск се наоѓа на 2.275 метри надморска височина во Јулиските Алпи во Словенија.
ТРОЈЦА ХРВАТСКИ ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАА НА ЈУЛИЈСКИТЕ АЛПИ Четворица успеале да ја преживеат лавината