ИЗРЕШЕТАН ЕДЕН ОД ВОДАЧИТЕ НА ШКАЉАРСКИ КЛАН Автомобилот излетал од патот кај Будва
Војната помеѓу Шкаљарскиот и Кавачкиот клан трае веќе неколку години, а започна со кавги околу исчезнување на поголема количина кокаин.
Бобан Сјеклоќа (33) од Цетиње, кој според полицијата важеше за еден од водачите на цетинската ќелија на криминалниот „Шкаљарски клан“, беше ликвидиран вчера попладне, околу 18:00 часот, во близина на плажата Трстено кај Будва.
Телото е пронајдено во автомобил „Голф“ со подгорички таблици. Првично се сметало дека станува збор за сообраќајка, но пожарникарите, кои го ваделе возилото излетано од патот, откриле дека на телото на возачот има прострелни рани.
Вишата државна обвинителка Ана Радовиќ потврди дека на лице место биле пронајдени чаури и други траги и дека е наложено да се изврши форензичка анализа во Центарот за судска медицина.
Според истрагите, Сјеклоќа веќе бил вмешан во сериозни кривични дела: обвинет е за шверц на половина тон кокаин и за учество (помагање) во убиствата на Андрија Газивода и Перо Мухадиновиќ во Цетиње во 2020 година.
Војната помеѓу „Шкаљарскиот“ и „Кавачкиот“ клан трае веќе неколку години, а започна со кавги околу исчезнување на поголема количина кокаин, и оттогаш зачестија ликвидациите, бомбашките напади и насилствата.
Иако многу детали сè уште не се јасни, се знае дека Сјеклоќа бил во бегство со години, дека полицијата го барала, и дека домови и локации поврзани со него биле претресувани без успех.
Истражителите сè уште работат на идентификација на напаѓачите, на утврдување од каде е пукано, но веќе преку траги и чаури се прават форензички анализи.
Полицијата на Црна Гора преку Дирекцијата за полиција, соопшти дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за расветлување на кривичното дело и околностите под кои е извршено. Во соопштението се наведува дека непознат сторител испукал неколку куршуми кон возило кое било пронајдено кај плажата Трстено, по пријава дека автомобил излетал од патот.
33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок член на ќелијата Цетиње на Шкаљарскиот клан беше пронајдено кај плажата Трстено во близина на Будва во автомобил „голф“ со регистарски таблички од Подгорица.
Вишата државна обвинителка Ана Радовиќ потврди за црногорски Вјести дека за време на истрагата се пронајдени неколку чаури и дека наредила вештачење на запленетите траги. „Жртвата е идентификувана како Б.С. (33). За време на истрагата се пронајдени одреден број траги и чаури, кои ќе бидат испитани во Центарот за судска медицина“, рече таа.
Извор близок до истрагата за Вјести изјави дека телото го пронашле пожарникари кои биле известени околу 18 часот дека автомобилот излетал од патот. Тој истакна дека мажот бил застрелан преку шофершајбната. Сјеклоќа со години бил во бегство. Според полициските податоци, тој бил важна алка во ќелијата на криминалниот клан Шкаљари во Цетиње.
Специјалното државно обвинителство го обвини за шверц на половина тон кокаин и помагање во ликвидацијата на Андрија Газивода и Перо Мухадиновиќ во Цетиње во 2020 година. Полицијата неколку пати ја претресе неговата куќа во Цетиње, но не го пронајде за време на овие операции.
За потсетување, Шкаљарскиот и Кавачкиот клан се во судир со години. Крвавиот конфликт започна кон крајот на 2014 година поради исчезнувањето на 200 килограми кокаин од стан во Валенсија, што доведе до поделба на некогаш обединетиот криминален клан на два завојувани табора.