ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ГИ ИСКЛУЧИЈА АВТОБУСИТЕ ВО 10 ЧАСОТ Нема да возат цела смена додека ЈСП не им го плати заостанатиот долг

Приватните превозници „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ кои сообраќаат во Скопје најавија дека од денеска ќе возат само од 5 до 10 часот, ако ЈСП не им исплати 90 милиони денари за изминатите шест месеци.

331

Приватните автобуски превозници во 10 часот ги исклучија од сообраќај своите автобуси. Тие велат дека ќе возат како што веќе објавија од 5 до 10 часот додека не им биде намирен долгот од 90 милиони денари од ЈСП.

-Да се исклучивме во 10 часот и ќе работиме така додека не ни биде исплатен целиот долг. Шест месеци е тешко да се работи без приход, а треба да се исплатат плати за вработените, да се платат придонесите за нив  да се купи нафта и да се одржува фирмата. Дополнително и дома треба да се подмират сметките. Ние шест месеци кратиме од приходите на семејствата за да купиме нафта – вели  Момчило Тодоровски  сопственик на компанијата „Радос Компани“.






Приватните превозници „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ кои сообраќаат во Скопје пред три дена најавија дека од денеска ќе возат само од 5 до 10 часот ако  ЈСП не им исплати 90 милиони денари за изминатите шест месеци.

Вкупниот долг на ЈСП кон нив е  170 милиони денари.

Тие тврдат дека добиле информација дека Град Скопје веќе префрлил дел од парите во ЈСП, но не знаат каде јавното претпријатие ги потрошило.

ПОВТОРНО ПРОБЛЕМ СО АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ Приватните превозници од понеделник ќе возат само од 5 до 10 часот

 

Поврзани содржини