ОТКУПНАТА ЦЕНА НА ПИПЕРКАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОНИСКА ОД 25 ДЕНАРИ На секој откупен пункт ќе има инспектор кој ќе го следи откупот

68

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски информира дека на средба  со откупувачи и преработувачи на пиперка е договорено откупот на пиперката да се одвива со одбитоци не поголеми од 3%, а откупната цена да не биде пониска од 25 денари за килограм пиперка откупена на рефус.

Исто така, договорена е и динамиката на откупот, при што целото производство на пипер са биде откупено. На секој откупен пункт ќе има инспектор кој ќе го следи откупот и нема да дозволи манипулации во самиот процес.






– Заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, ги посетивме откупните центри во Кривогаштани и Могила, каде што извршивме увид во откупниот процес на пиперката. Ова е резултат на нашата постојана грижа за заштита на интересите на земјоделците и обезбедување на фер услови при откупот на земјоделските производи. Земјоделството е приоритет и ние сме тука да ги штитиме правата на секој земјоделец  – изјави Трипуновски.

Поврзани содржини