🎥ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО КАТАСТРОФАЛНАТА ПОПЛАВА ВО БУГАРИЈА Сиљановска Давкова му понуди помош на Радев
Поплавите во источна Бугарија настанаа од поројни дождови во неверојатни количини - според мерењата наврнале над 250 литри дожд на квадратен метар.
Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од катастрофалните поплави во Бугарија, соопшти бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за конструктивниот разговор и за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за понудената подготвеност на Македонија да помогне во надминување на последиците од катастрофата“, објави Радев.
Разговорот се одржа во момент кога Бугарија неколку дена се соочува со интензивни врнежи и со сериозни поплави, кои зафатија повеќе региони. Дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до најпогодените подрачја е и понатаму ограничен.
Според последните информации од бугарските медиуми, поплавите однесоа 4 човечки животи.
Massive flooding due to heavy rainfall in Elenite, Burgas Province – Bulgaria pic.twitter.com/n0Rfm8hCS0
— Dobreanu C. Bogdan (@BogdanDc) October 3, 2025
Најмногу е погодена источна Бугарија и крајбрежјето, особено околината на Бургас.
На социјалните мрежи се споделуваат стравични видеа од огромни количини вода што носи сè пред себе – куќи, камиони, автомобили, дрвја…
Поплавите настанаа од поројни дождови во неверојатни количини – според мерењата наврнале над 250 литри дожд на квадратен метар.
Massive flooding due to heavy rainfall in Elenite, Burgas Province, Bulgaria 🇧🇬 pic.twitter.com/1w2cKP2lgA
— Disaster News (@Top_Disaster) October 3, 2025
Во погодените области и натаму траат акциите за спасување и расчистување, во кои учествуваат волонтери, припадници на армијата и службите за итни интервенции, со цел што поскоро да се обнови нормалното функционирање и да се обезбеди безбедност за жителите.
Massive flooding due to heavy rainfall in Elenite, Burgas Province, Bulgaria 🇧🇬 pic.twitter.com/1w2cKP2lgA
— Disaster News (@Top_Disaster) October 3, 2025