ЗИП ЛАЈН ОД РАПЕШ ДО ГРУНИШТА, СКАЛИ КАЈ ТЕМНИЧКИ ВИР Новаци ќе стане нова туристичка атракција

Ќе изградиме систем за наводнување Новаци до Добромири од акумулацијата Суводол, капитален проект за нашите земјоделци, кој ќе значи сигурни приноси, стабилно земјоделство и иднина за младите вели Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник за општина Новаци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

280

Заедно со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализиравме над 150 проекти со вредност од над 4 милиони евра, меѓу кои и најголемиот проект во историјата на нашата општина – трите главни улици кои водат кон новата Индустриска зона Златен клас, вредни 60 милиони денари, вели Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник за општина Новаци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ја изградивме новата водоводна и канализациона мрежа за Индустриската зона во Новаци. Во Добромири изградивме две третини од канализационата мрежа, распишавме тендер за пречистителна станица и до крајот на оваа година Добромири ќе има комплетно нова канализација. Го исполнив и моето ветување за спортско рекреативната патека што го поврзува Новаци со манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ со изградениот амфитеатар и скејт паркот за млади. Асфалтиравме и реконструиравме 10 километри патишта, изградивме плоштад во Старавина, нови тротоари, цевководи за Бач и Живојно, атмосферска канализација и нови патишта до сите села – рече Стевановски на митингот во Новави.






Во младите и во образованието се вложува најмногу, додаде тој.

– На сите првоодделенци им даваме по 10.000 денари, на сите четвртоодделенци таблети, а први во Македонија воведовме бесплатен оброк за секој ученик во основно училиште. На бруцошите им го помагаме академскиот живот на тој начин што целосно им ја плаќаме школарината за прва година прв циклус студии на сите државни универзитети во Македонија. Го реконструиравме фудбалскиот стадион во Новаци, изградивме модерно спортско игралиште во Бач, теретана на отворено во склоп на спортската сала во Новаци, ги обновивме сите детски паркови во 9 населени места со нови играчки, овозможивме да започне да функционира Младинскиот центар во Новаци – вели Стевановски.

Стевановски ја сподели својата визија за општина Новаци за наредните 4 години и посочи дека со нова енергија ќе се реализираат низа нови проекти.

– Ќе изградиме систем за наводнување Новаци до Добромири од акумулацијата Суводол. Системот за наводнување е капитален проект за нашите земјоделци, ќе значи сигурни приноси, стабилно земјоделство и иднина за младите кои сакаат да останат тука. Ќе изградиме зип лајн од Рапеш до Груниште и пристапни скали кај Темнички Вир во Градешница, затоа што сакаме Новаци да стане нова туристичка атракција. Ќе изградиме мини пазар во Новаци, нашите производи ќе имаат свое место, а нашите земјоделци директно ќе можат да продаваат. Ќе ги уредиме влезовите во селата Далбеговци, Горно и Долно Агларци со лед осветлување – рече Стевановски.

Поврзани содржини