13 МИЛИОНИ ЕВРА, ГРАДИНКИ, СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА, ХИГИЕНА Герасимовски вели дека Центар е и допрва ќе биде пионер меѓу општините

Први во Македонија формиравме јавно претпријатие за енергија. Поставивме фотоволтаични системи на училиштето „Киро Глигоров“, на градинката „Пепелашка“, а пред две недели и во „Св. Кирил и Методиј“, рече актуелниот градоначалник на Центар од СДСМ, објаснувајќи дека преку новото друштво „Енергија Центар“ ќе се произведува и продава струја од самата општина.

327

Со фотоволтаици на покривите и екскурзии за децата, Центар се претвори во пилот-проект на енергетска и образовна самодоволност, вели актуелниот градоначалник на централната скопска општина Горан Герасимовски при отворањето на штаб во Капиштец.

Повеќе од 13 милиони евра вложени во улици, градинки, хигиена, спорт и во култура, посочил Герасимовски кој се трка за втор мандат.






– Први во Македонија формиравме јавно претпријатие за енергија. Поставивме фотоволтаични системи на училиштето „Киро Глигоров“, на градинката „Пепелашка“, а пред две недели и во „Св. Кирил и Методиј“ – рече Герасимовски, објаснувајќи дека преку новото друштво „Енергија Центар“ ќе се произведува и продава струја од самата општина.

Понатаму, Герасимовски нагласи дека Центар наскоро ќе биде првата општина што ќе постави мрежа на специјализирани мерачи на бучава, особено во Капиштец, каде што локалците често се жалеле на врева во доцните часови.

– Инвестиравме над 13 милиони евра. За граѓаните, со нивните пари. За најдобрите училишта и градинки, за нова опрема за хигиена, за културата и спортот, за ранци, прибор, стипендии, па и за нова градинка, бесплатен оброк и екскурзија за секое дете – дециден е тој.

Според втората Програма на Герасимовски, проектите кои ќе следат го вклучуваат и дополнително озеленување, нови улици, подобрување на опремата за чистота, но и поддршка за културно-спортски иницијативи кои веќе оставиле трага во општината.

Поврзани содржини