СООБРАЌАЈКА ПРЕМИНА ВО НАСИЛСТВО Женска расправија по судар заврши со физички напад

По сообраќајка на улица Новопроектирана, 43-годишна жена нападнала 47-годишна сограѓанка.

278

43-годишната Л.К. од Охрид ја нападнала својата сограѓанка, 47-годишната Е.И вчера околу 13:00 часот на улица Новопроектирана во Охрид, по претходна сообраќајна незгода, информираат од охридската полицијата.

„Случајот е пријавен во СВР Охрид на 02.10.2025 година во 13:09 часот. Станува збор за физички напад што се случил по претходна сообраќајна незгода. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од полицијата.






Повеќе детали за тежината на нападот и околностите кои довеле до ескалација не се откриваат, но случајот е во целосна постапка на расчистување.

Поврзани содржини