МЕЏИТИ ВЕТИ НОВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕНЕЌЕ МААЛО „Викторија“ ќе прими 1.300 ученици

Паралелно со овој проект, ќе се градат уште два училишни објекти: нова зграда за училиштето за деца со попречености „Иднина“ и уште едно основно училиште во близина, најави кандидатот на Вреди за градоначалник на Чаир.

110

Во Чаир ќе се гради ново модерно училиште во населбата Тенеќе Маало, најави кандидатот за градоначалник од Вреди, Изет Меџити. Според него, објектот ќе го носи името „Викторија“ и ќе обезбеди достоинствени услови за околу 1.300 ученици.

Училиштето ќе има површина од 4.700 квадратни метри со 54 училници, осум кабинети и две современо опремени лаборатории. Наставата ќе се изведува во една смена, а проектот е дел од Деталниот урбанистички план за општината. „Оваа инвестиција ќе биде гордост за Чаир и вистински простор за развој на младите“, истакна Меџити.






Паралелно со овој проект, ќе се градат уште два училишни објекти: нова зграда за училиштето за деца со попречености „Иднина“ и уште едно основно училиште во близина.

Со овие три инвестиции, бројот на основни училишта во Чаир ќе се зголеми на 11. Целта, според Меџити, е конечно воведување настава во една смена и создавање услови за целодневна настава за сите ученици.

Тој потсети дека образованието е „клучот на иднината“ и дека секое дете заслужува еднакви и современи услови за учење. „Како иден градоначалник се обврзувам дека образованието и нашите деца ќе бидат на врвот на приоритетите,“ нагласи Меџити.

Поврзани содржини