НОВА ГРАДИНКА ВО ЦЕНТАР Герасимовски најави современ објект за 100 деца
Современа градинка со капацитет до 100 деца и нови работни места
Актуелниот градоначалник и кандидат на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска најави почеток на изградба на нова современа детска градинка во непосредна близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Новиот објект ќе има капацитет за згрижување на до 100 деца и ќе биде дизајниран според највисоки стандарди за безбедност и квалитет.
– Градиме нова, современа градинка во непосредна близина на Клиничкиот центар, каде што ќе може да се згрижат 100 деца. Оваа градинка ќе биде изградена по највисоки стандарди за безбедност и квалитет, по примерот на градинката „Пролет“, која во моментов е најубавата и најмодерната градинка во државата – рече Герасимовски.
Тој додаде дека отворањето на новата градинка ќе создаде нови можности за вработување, со приближно 25 нови работни места за воспитувачи, негуватели, стручни соработници и помошен персонал. Герасимовски истакна дека градинката ќе биде дизајнирана да обезбеди квалитетна грижа за децата, современа инфраструктура и безбедно и инспиративно опкружување за нивно растење и развој.
Со изградбата на новата градинка, Општина Центар се обидува да одговори на потребите на младите семејства и да го подобри животниот стандард на своите граѓани, истовремено создавајќи нови работни места и придонесувајќи кон развој на локалната заедница.