СУПЕРБОУЛ НА ШПАНСКИ Поддржувачите на Трамп негодуваат поради најавениот настап на Бед Бани на спектаклот

Со оглед на тоа што американската десница често користи фрази како „Ние зборуваме англиски во Америка“ или „Вратете се во вашата земја“ упатени кон оние кои не зборуваат англиски, се очекуваше дека поддржувачите на Трамп ќе реагираат бурно на изборот на НФЛ.

281

Бед Бани, чие вистинско име е Бенито Антонио Мартинез Окасио, потврди на социјалните мрежи дека ќе биде главна ѕвезда на шоуто на полувремето на Супербоул LX. Шоуто ќе се одржи на 8 февруари на стадионот Левис во Санта Клара, Калифорнија, пишува ХафПост.

Порториканскиот музичар, кој е заслужен за популаризацијата на рап музиката на шпански јазик низ целиот свет, веднаш јасно стави до знаење дека има намера да го изведе целиот свој настап на својот мајчин јазик, што предизвика лавина од реакции.






Бесот на поддржувачите на Трамп

Со оглед на тоа што американската десница често користи фрази како „Ние зборуваме англиски во Америка“ или „Вратете се во вашата земја“ упатени кон оние кои не зборуваат англиски, се очекуваше дека поддржувачите на Трамп, познати како MAGA, ќе реагираат бурно на изборот на НФЛ.

НФЛ го избра раперот во партнерство со Рок Нејшн во сопственост на Џеј Зи. И навистина, нивниот гнев не изостана, но причините одат подлабоко од самиот јазик. Најгласните поддржувачи на десницата, како што се Бени Џонсон, Џо Конча од „Фокс њуз“ и Џек Пособик, брзо го изразија своето незадоволство на социјалната мрежа X.

Во своите објави, тие истакнаа дека Бед Бани е „има огромна омраза кон Трамп“, дека е „анти-ICE активист“ (противник на имиграциските и царинските служби) и дека нема песна на англиски јазик, обвинувајќи ја НФЛ за политизирање на Супербоул.

Зошто Бед Бани е трн во окото на десницата?

Постојат неколку клучни причини зошто конзервативците се вознемирени. Добитникот на Греми е отворен критичар на Доналд Трамп, а своето противење јасно го искажа уште за време на неговиот прв мандат. На концерт во 2017 година, тој носеше маица на која пишуваше на шпански: „Дали си твитерџија или претседател?“

Музичарот е исто така сојузник на ЛГБТК+ заедницата, за што ја доби наградата GLAAD Vanguard за 2023 година. Неговиот моден стил честопати ги побива родовите норми, а јавно го осуди и бруталното убиство на трансродовата жена Алекса Негрон Лучијано во Порторико во 2020 година.

Сепак, последната капка што ја прелеа чашата се чини дека е неговата неодамнешна изјава за списанието i-D. Тој објави дека неговата претстојна турнеја делумно ќе ги заобиколи САД поради антиимиграциските политики на Трамп.

– Имаше проблем дека ICE можеби ќе биде пред мојот концерт. И тоа е нешто за кое разговаравме и бевме многу загрижени – рекол тој.

Поврзани содржини