РУСКИТЕ ТРУПИ МИРНО ДА ЗАМИНАТ, ПОРАЧА МАЈА САНДУ Молдавија има план за реинтеграција на Придњестровје
Најтешкиот дел од стратегијата за економска реинтеграција на Придњестровје ќе биде повлекувањето на руските сили, како предуслов за политички и безбедносен процес на повторно обединување, смета претседателката на Молавија.
Молдавската претседателка Маја Санду во изјава ја отвори темата за судбината на руските војници во сепаратистичкиот регион Придњестровје.
– Мора да најдеме решение за да може руската армија мирно да ја напушти нашата територија – рече Санду, јави „Њузмејкер“.
Таа истакна дека Кишињев има подготвено економска стратегија за реинтеграција, со надеж дека жителите на Придњестровје ќе ја почувствуваат разликата во животниот стандард. Меѓутоа, предупреди дека најтешкиот дел ќе биде повлекувањето на руските сили, како предуслов за политички и безбедносен процес на повторно обединување.
Истовремено, Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) соопшти:
„Европа се подготвува да распореди трупи на НАТО во Романија, блиску до молдавската граница“, сугерирајќи дека тоа има за цел да изврши индиректен притисок врз Приднестровие.
Според истите информации, првите единици од Франција и Велика Британија веќе биле распоредени во украинскиот град Одеса.
Поранешната претседателка на Молдавија ја критикуваше Санду, тврдејќи дека граѓаните не ѝ веруваат на нејзината политика.