АЛБАНСКА ПРАТЕНИЧКА ГО ДОНЕЛА НА РАБОТА СВОЕТО БЕБЕ СТАРО 38 ДЕНА Илва Ѓузи ги шокираше колегите-парламентарци и јавноста

Пратеничката од социјалистичката партија во Албанија, Илва Ѓузи, отишла на работа со своето бебе старо само 38 дена. Таа присуствувала на состанокот на Комисијата за природни ресурси, инфраструктура и одржлив развој, каде што е членка, држејќи го своето бебе во раце.

884

Пратеничката на Социјалистичката партија во Албанија, Илва Ѓузи, учествувала на седница на Комисијата за природни ресурси, инфраструктура и одржлив развој, заедно со своето бебе старо само 38 дена. Пратеничката го држела бебето во раце.

Претседателката на Комисијата, Анила Денај, го поздравила присуството на пратеничката со бебето, нарекувајќи го тоа добар знак за духот на одржливиот развој и за целите поврзани со родовата еднаквост.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shqiptarja.com (@shqiptarjacom)

Нејзиното присуство во Комисијата заедно со бебето Бљини привлече големо внимание од медиумите и јавноста, бидејќи станува збор за глетка што можеме да кажеме дека е ретка и за Албанија и за светот. Нејзиното малечко има само 38 дена.

– Јас сум професионалец, член на парламентот, но пред сè сум мајка. Моето бебе има само 38 дена и како што се грижев за моите браќа и сестри, ќе се грижам и за него – изјавила Ѓузи за албанската телевизија Топ.

Таа го изразила своето задоволство што албанскиот парламент „го разбира мајчинството како должност што не е одвоена од реалноста“ и дека, како што рече, се чувствувала добредојдена.

– Имавме важни прашања на дневен ред, а и син ми го доби потребното внимание. Бебето ќе биде со мене на претстојните комисии и седници. Не ми недостасува поддршка, имам сопруг и многу добра свекрва. Поентата е дека во овие рани фази од животот бебето треба да биде со мене. Подоцна, грижата за него ќе ја препуштам на мојата мајка – рекла таа и додала дека нејзиниот син Бљини не ја вознемирил.

– Дури сум смирена затоа што е тука со мене – рекла пратеничката.

Сличен чин, кој привлече големо внимание, направи и германската пратеничка Хана Штајнмилер, која отиде во Бундестагот со своето бебе во раце.

Поврзани содржини