ОВА СЕ НАЈВАЖНИТЕ ИЗБОРИ ЗА КОЧАНИ Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ порача дека мандатот треба да се заврши со чист образ

413

Ова се едни од најважните градоначалнички избори во историјата на Кочани, рече денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина Владко Грозданов.

– Нашата кампања нема да биде заснована на секојдневно малтретирање на луѓето по социјалните мрежи, нема да биде заснована на долги говори и ветувања, туку ќе биде заснована на комуникација со луѓето. Ќе биде исклучиво на терен. Ќе ги бараме идеите на граѓаните, ќе ги уфрлиме во нашата програма, ќе ги нотираме проблемите на граѓаните на општина Кочани, ќе бараме заедничко решение на нив – најави Грозданов.






Тој рече дека со противкандидатите потпишале кодекс, дека си подале рака за овие избори да бидат едни од најкоректните, најфер, најмирните градоначалнички избори.

– Градоначалничкото столче за некого претставува доблест, гордост, моќ, но за мене не претставува ништо од тоа. За мене претставува одговорност, доверба која ни ја дава народот и која е базирана на чист образ. Но најважно е, по завршување на минливиот мандат, тој чист образ да остане чист и неизвалкан. Знаеме дека некои работи се купуваат со пари. Истото е и со градоначалничкото столче. Во случај да биде купено, ќе биде на стаклени ногарки и ќе биде брзо кршливо – додаде Грозданов.

 

Поврзани содржини