ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО НА НОВ РЕКОРД Се очекува во следниот период унцата да чини и 5.000 долари
Високата инфлација, геополитичките тензии и падот на американскиот долар се фактори што ги туркаат инвеститорите кон златото, што влијае на растот на неговата цена.
Цената на златото продолжува да руши рекорди. Денеска за една унца од жолтиот благороден метал треба да се издвојат околу 3.800 евра, што е зголемување од околу 100% во однос на пред 5 години кога една унца чинеше околу 1.600 евра.
Таквото зголемување донесе и продолжува да носи значителен профит за многу инвеститори во златни прачки и златни монети. Просечниот годишен раст на цената на златото во евра во последните 20 години беше повеќе од 10%, што е значително повисоко од просечната стапка на инфлација во истиот период, но и повеќе од многу други форми на инвестиции како што се недвижности, државни записи или национални обврзници.
Високата инфлација, геополитичките тензии и падот на американскиот долар се фактори што ги туркаат инвеститорите кон златото, што влијае на растот на неговата цена. Експертите предвидуваат дека и во следниот период ќе расте цената на овој метал.
Аналитичарите од Голдман Сакс неодамна презентираа анализа во која предвидуваат пораст на цената на унца злато на 5.000 долари, ако довербата во американската централна банка и доларот се намали.
Друга анализа направена од експерти од LBMA, водечкото професионално здружение на пазарот на злато, предвидува цена од 7.000 долари за унца до 2030 година.
Освен високиот раст на цената, инвестициското злато во физичка форма на златни прачки и златни монети е една од ретките форми на инвестирање што е целосно ослободена од сите даноци и давачки – сите инвестициски заработки остануваат кај инвеститорот, без никакви обврски кон државата.
Златните монети и прачките претставуваат реални средства што можат да се држат во рака и не зависат од државата, банките или финансискиот пазар. Тие се лесно преносливи и екстремно ликвидни бидејќи можат многу брзо да се заменат за готовина насекаде во светот.