МОСАД ЗНАЕ КАДЕ СЕ 400 КИЛОГРАМИ ИРАНСКИ УРАНИУМ? Нетанјаху вели дека ги информирал САД

Информацијата, според Нетанјаху, била споделена со Соединетите Американски Држави. Израелскиот премиер не прецизираше дали земјата планира да го заплени опасниот материјал, но инсистираше на тоа дека е потребен зголемен дипломатски и економски притисок врз Техеран за да се ограничат неговите амбиции.

239

Сосема добро знаеме каде се наоѓа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за телевизијата „Фокс њуз“, алудирајќи на 400 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, јави ДПА.

Информацијата, според Нетанјаху, била споделена со Соединетите Американски Држави. Израелскиот премиер не прецизираше дали земјата планира да го заплени опасниот материјал, но инсистираше на тоа дека е потребен зголемен дипломатски и економски притисок врз Техеран за да се ограничат неговите амбиции.






Според податоци на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран летово располагал со над 400 килограми ураниум збогатен до 60 отсто – прагот кој се смета за опасно близок до 90 отсто збогатување, потребно за производство на нуклеарна бомба. Засега не е јасно дали материјалот е целосно сочуван по израелските и американските воздушни напади во јуни.

Техеран, пак, категорично ги негира ваквите намери.

„Иран нема намера да развива нуклеарно оружје“, се вели во официјално соопштение на иранската влада.

Новите санкции на Обединетите нации повторно стапија во сила минатата недела, откако истече рокот на последниот договор за ограничување на иранската нуклеарна програма. Новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан изјави дека нема намера да се врати на преговарачка маса.

– Преговорите нема да донесат ништо освен нови проблеми – дециден е Пезешкијан.

Поврзани содржини