📷 ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЦРНОГОРСКА МИНИСТЕРКА Еве како изгледа возилото во кое била Симонида Кордиќ

Министерката била патник во службено возило на Министерството за туризам, марка  мерцедес, кое го управувал возач вработен во институцијата. При судирот биле вклучени уште две возила, а несреќата се случила по еден од тунелите на патот во Драгаљ.

1,783

Министерката за туризам на Црна Гора, Симонида Кордиќ, е тешко повредена во сообраќајна несреќа што попладнево околу 14:45 часот се случила на автопатот кој води од Драгаљ кон Грахово и Рисно, потврди Полициската управа.

Од Управата соопштија дека Кордиќ била патник во службено возило на Министерството за туризам, марка  мерцедес, кое го управувал возач вработен во институцијата. При судирот биле вклучени уште две возила, а несреќата се случила по еден од тунелите на патот во Драгаљ.






Покрај министерката, повредена е и една жена со иницијали С.Ч., која се наоѓала во друго возило.

„Министерката Кордиќ е веднаш пренесена во Клиничкиот болнички центар во Котор, каде е хоспитализирана со тешки повреди. Второто лице е сместено во Специјалната болница ‘Васо Ќуковиќ’ во Рисно и според лекарите има полесни повреди“, соопшти полицијата.

Од Полициската управа додаваат дека причините за несреќата се сè уште се испитуваат, а увид на местото вршат надлежните служби.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Niksic Today (@niksic.today)

Поврзани содржини