ДРОНОВИ НОЌЕ ЛЕТАЛЕ НАД ГЕРМАНСКА ПОКРАИНА? Продолжува неизвесноста по инцидентите во Данска и во Полска
Сабине Цетерлин‑Вак, министерката за внатрешни работи на покраината изјави дека државата истражува дали дроновите имале шпионска или саботажна функција, како што рече, делумно поради неодамнешните инциденти во Данска и други европски земји.
Аларм се активираше во германската покраина Шлезвиг‑Холштајн откако ноќеска имало пријави за забележани неидентификувани дронови, јави Ројтерс. Инцидентот доаѓа денови по слични прелети на беспилотни летала над Полска и над Данска.
Сабине Цетерлин‑Вак, министерката за внатрешни работи на покраината изјави дека државата истражува дали дроновите имале шпионска или саботажна функција, како што рече, делумно поради неодамнешните инциденти во Данска и други европски земји.
Германската покраина граничи со Данска на северот на земјата.
Во последните недели, над 20 руски дронови навлегоа во воздушниот простор над Полска на 9. и 10. септември, што резултираше со подигнување на авиони на НАТО и соборување на неколку летала.
Drones Spotted Over Germany
According to broadcaster NDR, unidentified drones were observed in the state of Schleswig-Holstein in northern Germany, near the border with Denmark, where drones had been detected previously.
State Interior Minister Sabine Sütterlin-Waack stated… pic.twitter.com/oQ5hUYmw2a
— NEXTA (@nexta_tv) September 26, 2025
Германската влада најави засилување на воздушната безбедност на источниот кордон на НАТО, особено во полските воздушни коридори.
— Ппокрај постојните обврски во балтичките земји и Полска, ќе ја прошириме воздушната полиција над Полска – порача портпарол на германската влада.
Во Данска, пак, дронови беа забележани над аеродромите Копенхаген и Олборг на 22. и 25. септември, поради што беа прекинати сите летови, а властите го оквалификуваа инцидентот како „најсериозен напад на критична инфраструктура“.
Според Би-Би-Си, не е исклучена руската вмешаност, иако не се пронајдени докази.
Истовремено, НАТО интензивираше воздушни патроли долж источниот фронт. Британија, Франција и Германија обезбедија дополнителни ресурси и авиони, со цел да се одврати понатамошна ескалација.