ТРАМП ПО ПОТРЕБА ЌЕ ПРАВИ РОКАДИ НА НАТПРЕВАРИТЕ НА СП 2026 Протестите во САД ги зголемија стравувањата за безбедност

Ако мислиме дека некој град е барем малку небезбеден за Светското првенство или Олимписките игри, нема да дозволиме да се игра таму. Ќе ги преместиме, нагласи шефот на САД вперувајќи го прстот кон Чикаго, иако градот не е дел од планираните домаќини за СП2026.

241

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко го нападна градот Чикаго поради „неприфатливо високиот криминал“, најавувајќи дека може да ги смени локациите за Мундијалот, ако процени дека некој град е небезбеден, јави Ројтерс.

– Светското првенство ќе биде безбедно. Ако утврдам дека некој град не гарантира безбедност, ќе ги преместиме натпреварите – изјави Трамп, спомнувајќи ја и Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година.






Во конкретна критика, го посочи Чикаго, град кој се повлече од улогата домаќин на првенството. Според него, дури и минимална закана по безбедноста ќе биде доволна за откажување.

– Ако мислиме дека некој град е барем малку небезбеден за Светското првенство или Олимписките игри, нема да дозволиме да се игра таму. Ќе ги преместиме – нагласи тој.

Во фокусот на Трамп биле токму „демократските упоришта“ како Лос Анџелес, Сан Франциско и Сиетл – сите вклучени меѓу домаќините, со по 6 до 8 меча. Не случајно, токму во тие градови годинава неговата администрација ја распореди Националната гарда, дури и против волјата на локалните власти.

САД ќе бидат ко-домаќини со Мексико и Канада на Светското првенство во фудбал од 11 јуни до 19 јули 2026 година. Единаесет градови во САД ќе бидат домаќини на натпревари, вклучувајќи го и финалето во Њујорк или Њу Џерси, за најголемото издание на турнирот досега, јави Ројтерс.

Исто така 3 натпревари треба да се одиграат во Мексико и 2 во градови во Канада.

Поврзани содржини