НОВА ЕВРООБВРЗНИЦА ОД 950 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ ИЗДАДЕ ВО ЈАНУАРИ СЛЕДНАТА ГОДИНА Ќе се потроши за покривање долг од 700 милиони евра од стара еврообврзница

Министерката за финансии најави дека за време на престојот во САД, на  есенските средби на Светска банка и ММФ, ќе има средби со потенцијалните инвеститори.

284

Министерството за финансии планира во јануари следната година да издаде еврообврзница. Ова го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска

Ова, како што рече министерката, е во рамки на поставените цели за одржување на стабилност на јавниот долг, навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства за буџетски потреби.






– Планирано е да се обезбедат 950 милиони евра преку издавање нова еврообврзница. Од тоа 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на Еврооврзницата издадена во 2020 година, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година. Односно, планирано е буџетскиот дефицит да се финансира делумно преку домашниот пазар, а делумно преку надворешно финансирање, односно со издавање еврообврзница- рече Димитриеска-Кочоска.

Нашата цел, додаде таа,  е да излеземе на меѓународните пазари и да ја издадеме еврообврзницата во најповолен момент.

-Во таа насока, за време на престојот во САД, на  есенските средби на Светска банка и ММФ, имам договорено средби со потенцијални инвеститори. Можам да истакнам дека ова е една од приоритетните активности на Министерството за финансии во моментот -рече Димитриеска-Кочоска.

Осврнувајќи се на планираните проекции на нивото на јавниот долг согласно Стрегијата, посочи дека Владата нема намера да ги измени плановите предвидени со Фискалната страгегија, но дека секако треба да се има предвид како ќе се одвиваат работите во наредниот период.

– Заклучно со јуни 2025 година јавниот долг е на ниво од 58,5% од БДП, најновиот податок кој го имаме во Министерството за финансии заклучно со јули покажува ниво од 58,7% од БДП. Доколку продолжиме со ваквата динамика и доколку економијата се одвива според очекувањата, можно е во 2025 година да не го достигнеме проектираниот јавен долг од 62,1%, туку тој да биде и понизок – рече Димитриеска-Кочоска.

 

Поврзани содржини