ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛ „БМВ Х3“ КАЈ СКОПСКИ ЗЕЛЕН ПАЗАР Повредени нема, расте немирот на скопјани – уште еден подметнат пожар?
Нема повредени во силниот пожар што се случи синоќа (среда, 24 септември) околу 23 часот, меѓу зградите на скопски Зелен пазар, откако бил запален паркиран хибриден автомобил „БМВ Х3“.
На огнот му претходела експлозија што ја слушнале станарите на зградите. Оштетено е уште едно возило „Цитроен Ц4“, а пожарот зафатил и покрив на маркет на пазарот.
Пожарникарите брзо пристигнаа и околу полноќ го локализираа пожарот и ја продолжија битката со огнените јазици. Местото на настанот го обезбедуваа полициски единици.
Во очекување на официјална информација за настанот, се шират претпоставки дека и овој пожар е подметнат.