📽️ СНАЈПЕРИСТ ЗАСТРЕЛА ТРОЈЦА ВО ДАЛАС, ПА СЕ САМОУБИ Крвави сцени пред службата за имиграција
Случајот ја разбранувал јавноста бидејќи следи по низа напади врз објекти истата служба за имиграција. Минатиот месец во Сан Антонио, а потоа и на 4 јули во Алварадо, службениците биле цел на организирани напади.
Крв, паника и крик среде објект за имиграција се сцените од напад со снајпер во средата наутро во Далас во САД. Од истрелите биле погодени вработени во безбедносна зона на Американската служба за имиграција и царина. Тројца загинале, меѓу нив и напаѓачот кој се самоубил. Меѓу загинатите, најверојатно, има и еден припадник на службата.
– Имаме повеќе повредени и загинати лица. Иако не го знаеме мотивот, знаеме дека ваквото насилство станува секојдневие. Ова мора да престане – изјави секретарката за внатрешна безбедност на САД Кристи Ноем.
Првичните анализи сугерираат дека напаѓачот пукал однадвор.
– Погодени се луѓе што биле во зона што се сметала за безбедна – истакна в. д. директорот на ICE, Тод Лајонс.
Three shot at ICE facility in Dallas
The shooter was found dead on the roof nearby immigration attorney’s office pic.twitter.com/hclIuCvzhJ
— Re:Flex (@re_flex_world) September 24, 2025
Случајот ја разбранувал јавноста бидејќи следи по низа напади врз објекти истата служба. Минатиот месец во Сан Антонио, а потоа и на 4 јули во Алварадо, службениците биле цел на организирани напади.
„Напаѓачот починал од прострелна рана што си ја нанел сам“, соопшти Американската служба за имиграција и царина.
Во јулскиот напад, полицаец бил застрелан во врат и преживеал. Нападот бил поттикнат од протест кој прераснал во судир. Во сите случаи, надлежните ги поврзуваат нападите со растечкиот политички притисок и дезинформации околу имиграциските политики.