ПОРАСНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА Доларот стагнира, а еврото изгуби од вредноста

На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово порасна за 0,18% на 67,75 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,22 проценти, на 63,55 долари.

69

Цените на нафтата утрово порасна, Наспроти ова падна вредноста на еврото, а доларот стагнира.

На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово порасна за 0,18% на 67,75 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,22 проценти, на 63,55 долари.






Еден од факторите што влијаат на пазарот е најавата дека Ирак наскоро може да го продолжи извозот преку Курдистан, суспендиран повеќе од две години поради спор околу плаќањето. Се очекува дека овој потег би можел да врати околу 230.000 барели дневно на светските пазари.

Во исто време, Багдад го зголеми извозот според договорот ОПЕК Плус, објавувајќи дека испораките во текот на септември ќе се движат помеѓу 3,4 и 3,45 милиони барели дневно.

На Блискиот Исток, ситуацијата останува напната, додека војната во Газа продолжува, а светските лидери во ОН разговараат за формалното признавање на палестинската држава.

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 97,33 поени, додека вчера во ова време беше 97,32 поени.

Цената на еврото се лизна од вчерашните 1,1805 на 1,1795 долари.

Американската валута зајакна во однос на јапонската, па курсот на доларот достигна 147,90 јени, додека вчера во ова време беше 147,75 јени.

Поврзани содржини