„ШТОМ СУДСТВОТО ФУНКЦИОНИРА ЗА ЗАЕВ И ЗА ФИЛИПЧЕ, ТРЕБА ДА МУ СЕ СТАВИ КРАЈ“ Човечкиот живот не вреди за ова правосудство со доверба од 2%, потенцира ВМРО-ДПМНЕ
Дека центарот за судствоти е на Бихаќка говорат многу пресуди, меѓу кои и онаа за модуларната болница во Тетово во која изгореа 16 лица, а многу беше јасно дека за нејзиното поставување одговорен бил Филипче, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.
По срамната одлука за докторката од Онкологија треба да се стави крај на судството кое функционира во полза на дружината предводена од Венко Филипче, а не се грижи за основните човекови права, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Судството секојдневно само вади докази во јавноста дека работи исклучиво по насока на Зоран Заев и неговата дружина, во која е Венко Филипче и дел од раководството на СДСМ. Последен во низата докази е нивната одлука за условна казна 2 години за докторката од Клиниката за онкологија и радиотерапија, како што велат, поради фактот што признала вина. Судот со оваа пресуда јасно укажува дека човечкиот живот не вреди“, се вели во соопштението.
Судот, додава ВМРО-ДПМНЕ, јасно покажува дека нема интерес за човечкиот живот.
„И конечно, судството покажува дека, единствено, постапува ако добие насока од „центарот“. А центарот за судиите е лоциран кај поединци од Бихаќка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Дека центарот е на Бихаќка говорат многу пресуди, меѓу кои и онаа за модуларната болница во Тетово во која изгореа 16 лица, а многу беше јасно дека за нејзиното поставување одговорен во процесот бил Филипче, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, наместо лоцирање на одговорноста и тогаш судството прибегна кон одлука само за двајцата директори на болницата во Тетово и за болницата како правно лице. Според онаа народната, врти сучи, судството ги „оправдува“ оние околу 2 проценти доверба кои, пак, реално се на ниво на статистичка грешка. А, ова правосудство Филипче, пак, не сака да се смени затоа што, очигледно, му служи“, се додава во соопштението.
Крај на овој правосуден систем, кој работи под диригентска палка на Заев и компанија, мора да се стави, порачува владејачката ВМРО-ДПМНЕ.