📽️ МОСКВА ПОД СИЛЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Откажани се 35 летови, авион леташе ниско над зграда

Нападот привремено ги блокираше главните аеродроми во руската метропола. На аеродромите Шереметјево, Домодедово и Внуково биле откажани или одложени повеќе од 35 летови. На некои од снимките на социјалните може да се видат патнички авиони кои кружат ниско над Москва.

1,529

Главниот град на Русија вечерва, 22 септември, е под напад на дронови, сугерираат снимки на социјалните мрежи. Според објавите на градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин системите за воздушна одбрана собориле 11 беспилотни летала над Москва и околината.

Собјанин изјави дека „воздушната одбрана собори 9 дронови вечерва, а подоцна уште 2“. Според него, нема жртви ниту сериозни штети.






Нападот привремено ги блокираше главните аеродроми во руската метропола. На аеродромите Шереметјево, Домодедово и Внуково биле откажани или одложени повеќе од 35 летови.

„До 20:19 часот, беа откажани вкупно 21 лет, со дополнителни промени на Домодедово и Внуково“, соопштија руските државни медиуми.

 

На некои од снимките на социјалните може да се видат патнички авиони кои кружат ниско над Москва.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и Истражниот комитет најавија истрага.

„Оперативните тимови и експерти за експлозив се на терен, го анализираат падот на остатоците од дроновите и проверуваат дали има дополнителни оштетувања“, се вели во официјалното соопштение.

 

Инцидентот доаѓа откако инциденти со дронови се појавија во три европски земји.

Во последните 10 дена, Русија е обвинета за нарушување на воздушниот простор на Полска и на Романија, додека Естонија обвини дека 3 руски воени авиони од типот Миг-21 во саботата, цели 12 минути упаднале во нејзиното небо.

Поврзани содржини