„ЗНАЧИ ИЛОН, СЛУШНАВ ДЕКА САКАШ ДА РАЗГОВАРАМЕ“ За што зборуваа Трамп и Маск на комеморацијата за Кирк?
Од јуни годинава, кога ја напушти функцијата шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE), Маск постојано отворено го напаѓаше Трамп, на кого претходно му беше близок соработник уште од неговата инаугурација и често го придружуваше во Овалната соба во Белата куќа.
Неколку месеци по јавниот судир на социјалните мрежи, преполн со жестоки меѓусебни обвинувања и навреди, американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск вчера повторно се сретнаа на комеморацијата и погребот на активистот Чарли Кирк.
Тие разговараа неколку моменти во Стејт фарм арената во Глендејл, пред американскиот претседател да му сигнализира на сопственикот на „Тесла“ и „Спејс икс“ да си замине.
Но, средбата беше срдечна, судејќи според она што читачката од усни Никола Хиклинг го открила за Дејли мејл.
Трамп прво го праша Маск „како си“, на што Маск ги крена рамената. Потоа Трамп рече:
– Значи, Илон, слушнав дека сакаш да разговараме.
Претседателот на UFC Дана Вајт, се вклучи во разговорот за момент, а Трамп продолжи:
– Да се обидеме да видиме како можеме да се вратиме на вистинскиот пат.
Маск кимна со главата, по што Трамп ја стави раката околу неговото рамо и рече:
– Ми недостигаше.
Од јуни годинава, кога ја напушти функцијата шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE), Маск постојано отворено го напаѓаше Трамп, на кого претходно му беше близок соработник уште од неговата инаугурација и често го придружуваше во Овалната соба во Белата куќа. Тој се спротивстави на „големиот, прекрасен закон за даноци и трошоци“ на Трамп, за кој тврдеше дека ќе ги чини даночните обврзници милијарди и ќе го зголеми националниот долг на САД.
По размената на навреди на социјалните мрежи, Трамп на митинг во Мичиген во јули 2025 година рече дека Маск „можеби треба да се врати таму од каде што дошол“.
Најбогатиот човек во светот, меѓу другото, изнесе шокантно тврдење дека федералните власти имаат дополнителни информации за поврзаноста на Трамп со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн и отиде дотаму што предложи и импичмент за него.
Во јули, Маск ги претстави своите планови за основање на Американската партија, но брзо се откажа од својот нов обид за влез во политиката. Според „Волстрит џурнал“, тој им рекол на соработниците дека сака да се фокусира на бизнисот на неговата компанија.
Во меѓувреме, Маск го зајакна својот однос со потпретседателот Џеј Ди Венс, кого наводно е подготвен финансиски да го поддржи доколку одлучи да се кандидира за претседател на САД во 2028 година.
NEW: President Trump and Elon Musk were spotted sitting together and chatting during a surprise reunion at Charlie Kirk’s memorial. pic.twitter.com/5asd3mTiJF
— Fox News (@FoxNews) September 21, 2025