ШТО ЗНАЧИ ПАМЕТЕН ШОПИНГ ДЕНЕС? Зошто е подобро да купувате кога сакате отколку кога морате?

Кога не сте принудени да купувате повеќе од потребното „за залиха“ или само затоа што има акција, пазарувате попаметно и поодговорно. Тоа значи помалку непотребни трошоци, помалку отпад и поквалитетен избор.

164

„Паметен шопинг“ значи да купувате свесно, без притисок и без непотребни компромиси. Наместо да чекате акциски денови и краткотрајни попусти, паметното купување значи стабилни цени кои ви даваат сигурност и слобода.

Токму тоа е суштината на концептот „Секогаш поволно“ – во dm купувате долгорочно поволно, бидејќи цените на повеќе од 7 000 производи нема да се зголемат најмалку 4 месеци!






 

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

dm марка производите се вистински симбол на германски квалитет и доверба – секогаш по поволни цени. Тие се создадени да ви го поедностават секојдневието и да ви донесат сигурност во секој избор. Подгответе го и зајакнете го вашиот имунитет за есенските денови со Mivolis суплементите – внимателно избрани додатоци во исхрана, полни со витамини и минерали кои го поддржуваат вашето здравје и енергија. Со нив, секој ден можете да се чувствувате посилни, подготвени и полни со виталност, без разлика на студените ветрови и променливото време.
Есенската генералка е позната активност во секој дом овој период, а со Denkmit средствата за чистење, сè станува многу полесно, поефикасно и поевтино. Вашиот дом ќе блеска без напор и без непотребни трошоци, додека вие уживате во свежината и редот што го носи секое чистење. Со правилниот избор на производи, чистењето станува брзо, едноставно и дури и задоволство – идеален начин да го подготвите домот за есенските денови.
За моменти кога ви е потребна природна нега, Alverde naturkosmetik нуди органска козметика со внимателно одбрани формули кои ѝ даваат свежина и здрав изглед на вашата кожа и коса. За секојдневна грижа, Balea ви овозможува широк избор на креми, шампони и купки, комбинирајќи висок квалитет со пристапна цена, за малите секојдневни моменти на уживање за целото семејство. А со dmBio, подготовката на вкусен и здрав оброк за вашето семејство станува лесна и инспиративна – со органски состојки кои го олеснуваат готвењето без грижа за буџетот.

Паметен шопинг денес не е само да најдете производ по најниска цена, туку да купувате квалитетни производи со транспарентни цени и производи што реално ви се потребни. Кога не сте принудени да купувате повеќе од потребното „за залиха“ или само затоа што има акција, пазарувате попаметно и поодговорно. Тоа значи помалку непотребни трошоци, помалку отпад и поквалитетен избор.
Доколку се прашувате кои производи се „Секогаш поволно“, можете да ги разлистате полумесечните и месечните Екпрес каталози каде што секогаш јасно и транспарентно се прикажани сите понуди. А доколку сакате личен совет, вработените во вашата омилена dm дрогерија се секогаш тука да ви помогнат со насмевка, препорака и корисен совет за најпаметен избор.

Поврзани содржини