„ГАЗА Е ВИСТИНСКИ ХАОС“ Трамп се надева на дипломатско решение за израелско-палестинскиот конфликт
Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедност на Израел и мир и просперитет за целиот регион, кој е можен само без Хамас, вели портпарол на американскиот Стејт департмент.
Се надеваме дека ќе постигнеме нешто, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на новинарско прашање дали мисли дека може да има дипломатско решение за конфликтот во Газа.
– Ја проучуваме Газа и многу интензивно се занимаваме со Газа. Таму е вистински хаос – рече Трамп.
„Тајмс оф Израел“ потсетува дека САД сметаат дека признавањето на државата Палестина од неколку нејзини сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, е „перформативно“.
– Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедност на Израел и мир и просперитет за целиот регион, кој е можен само без Хамас – изјави портпарол на американскиот Стејт департмент, пренесува „Тајмс оф Израел“.