ШОН ПЕН И НЕГОВАТА 30-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАБАВАТА Двојката се појави на забавата за филмот „Една битка по друга“

Ова беше уште едно јавно појавување на двојката, која ја потврди својата врска во септември 2024 година откако беа снимени како страсно се бакнуваат на патување во Мадрид.

619

Глумецот Шон Пен (64) привлече внимание кога неодамна се појави рака под рака со својата 30-годишна девојка, моделот Валерија Ницов, на лондонска забава полна со ѕвезди.

Оскаровецот и неговата партнерка пристигнаа на забавата по филмот „Една битка по друга“(„One Battle After Another“) во елегантниот хотел „Номад“, објави британски „ Дејли меил“






Пен изгледаше елегантно во класичен црн костум, додека Валерија го украде шоуто во смело црно сако со длабоко деколте, под кое носеше сребрен сјаен топ.

Порано истата вечер, двојката се придружи на списокот со ѕвезди на премиерата на филмот, меѓу кои беа Леонардо Дикаприо, кој глуми во филмот, и супермоделите Наоми Кембел и Сабрина Елба.

Пен се појави и на премиерата на филмот.

фото: EPA/TOLGA AKMEN

Ова беше уште едно јавно појавување на двојката, која ја потврди својата врска во септември 2024 година откако беа снимени како страсно се бакнуваат на патување во Мадрид.

Валерија, по потекло од Кишињев, Молдавија, моментално живее во Франција и е позната на публиката по појавувањето во хит серијата на Нетфликс „Емили во Париз“.

Нејзината врска со Пен доаѓа три години по неговиот развод од австралиската актерка Лејла Џорџ (32).

Актерот претходно беше во брак со поп-иконата Мадона од 1985 до 1989 година и со актерката Робин Рајт, со која се ожени во 1996 година, а нивниот брак заврши во 2010 година.

Поврзани содржини