АПАСИЕВ СТАВИЛ ВО ЏЕБ 700.000 ДЕНАРИ ОД ПАРИТЕ НА ЛЕВИЦА Раководството ја користи партијата за лично богатење, посочи ВМРО-ДПМНЕ

Додека Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ од говорница глумат револуционери и борци, во реалноста ја користат партијата како инструмент за лично богатење и билдање на приватните трансакциски сметки. Мојсоска иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

1,603

Левица се разобличи одвнатре, парите од партиската сметка завршувале на личните сметки кај раководството, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Левица грчевито се обидува да го одвлече вниманието на јавноста од вистината. Обвинувањата на Левица за наводен неовластен упад во нивните банкарски сметки се очаен обид за прикривање на вистината.  Податоците кои излегоа во јавноста за трансакциите од партијата кон личните сметки на раководството се од свиркачи од јадрото на Левица кои се разочарани, кои одвнатре ја гледаат хипокризијата на партијата, двојните стандарди и лицемерието на раководството“, се вели во соопштението.






Левица потврди дека партијата не се води по идеолошки принципи, туку исклучиво заради финансиски интереси на тесен круг привилегирани поединци, се додава во соопштението.

„Левица под плаштот на идеологијата и празната реторика дека се скромни, чесни и неподмитливи, всушност се обидуваат да прикријат дека партијата им функционира како приватна фирма од која се богатат поединци. Додека Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ од говорница глумат револуционери и борци, во реалноста ја користат партијата како инструмент за лично богатење и билдање на приватните трансакциски сметки. Апасиев ставил во сопствениот џеб над 700.000 денари од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата. Мојсоска иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста го виде вистинското лице на Левица кои под закрила на идеологија, покажаа дека всушност се добар бизнис проект за полнење на сопствените џебови, се додава во соопштението од владејачката партија.

Поврзани содржини