🎥 ЃУРОВСКИ СЕ ОНЕСВЕСТИ ДОДЕКА ДРЖЕШЕ ГОВОР НА КОМЕМОРАЦИЈА ВО БЕЛГРАД Пренесен е во болница и сега е во добра здравствена состојба

Познатииот македонски фудбалер држеше говор на комеморацијата за Дејан Миловановиќ во просториите на српскиот клубт Црвена Звезда.

1,871

Македонскиот легендарен фудбалер Бошко Ѓуровски (63) кој е трофеен играч и тренер на Црвена звезда, сега претседател на ветераните на клубот, падна во несвест додека држеше говор на комеморацијата за Дејан Миловановиќ во просториите на клубот.

Миловановиќ, поранешен капитен на Звезда и член на српската репрезентација, почина пред четири дена на 42-годишна возраст како последица на срцев удар на фудбалскиот терен, откако му се слоши за време на натпреварот помеѓу ветераните на Звездара и ПКБ, на кој постигна гол.






Ѓуровски се збогува со Миловановиќ со говор:

– Тој беше и останува симбол на Црвена Ѕвезда, тој беше идол на неговите соиграчи, играчи и навивачи кои дојдоа по него. Неговата љубов кон Звезда беше инспирирана од неговиот татко кој играше во познатата генерација и беше успешен во неа. Тој ги направи своите први чекори тука, играше за Звезда од самиот почеток – рече меѓу другото Ѓуровски.

Кога го заврши говорот, побара да му донесат вода. Откако се напи и го заврши говорот, се струполи. Публиката брзо се упати кон него, потоа му беше укажана медицинска помош, а како што објавија од клубот, Ѓуровски сега е во стабилна состојба.

Поврзани содржини