ПИЛИНГ ОД КАФЕ, ИГРАЧКИ СО СЕНО, МЕД СО БИЛКИ Трите победнички зелени идеи одат на регионален натпревар

Натпреварот „Зелени идеи“ во 2025 година се одликува со поголем број ембрионски концепти и со доминација на идеи од руралните средини, велат од АРНО.

34

Пилинг креми од отпад од кафе, полнети играчки со сено и мед со лековити билки – овие иновативни зелени бизниси се победничките идеи на натпреварот „Зелени идеи 2025“, кој го организираше АРНО.

Жири комисијата во категоријата ембрионски идеи ги избра „Мирис на сено во сечиј дом“ на здружението „Ума Сто“ и „Природна пилинг крема од отпадоци на кафе“ на тимот EcoScrub.






Победничка идеја во категоријата зелени бизниси е „Медена долина – живееме со природата“ на здружението „Медена Долина“. На финалето презентираа 10 идеи од вкупно 39 пристигнати апликации. Натпреварот во 2025 година се одликува со поголем број ембрионски концепти и со доминација на идеи од руралните средини.

Повеќе за трите победнички идеи кои ќе одат на регионален натпревар, прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини