🎥 „ЈА САКАМ УКРАИНА, АМА…“ Трамп не сака да ги споредува Путин и Зеленски

Запрашан од една новинарка за испораката на американските системи „Патриот“ за Украина и тајмингот на нивно пристигнување, американскиот претседател прво ја праша новинарката од каде доаѓа, а кога слушна дека е од Украина, тој кусо кажа „ ја сакам Украина, го сакам народот на Украина.....“

2,186

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на почетокот на  неговата државна посета на Обединетото Кралство, денеска кусо разговараше со новинарите за војната во Украина и неговите планови за нејзино запирање.

Запрашан од една новинарка за испораката на американските системи „Патриот“ за Украина и тајмингот на нивно пристигнување, американскиот претседател прво ја праша новинарката од каде доаѓа, а кога слушна дека е од Украина, тој кусо кажа „ ја сакам Украина, го сакам народот на Украина…..“






– Но, земјата е во сериозна неволја. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи. Но, јас ќе ја спречам – рече  Трамп, додавајќи дека тој лично запрел седум војни во последните осум месеци.

– Мислев дека ова ќе биде најлесно бидејќи го познавам Путин. Но, не е така, бидејќи постои огромна омраза меѓу Зеленски и Путин. Но, ние ќе го спречиме тоа – рече американскиот претседател.

Поврзани содржини