ИСТОРИСКА ЗАПЛЕНА ВО АТИНА, ЕУ РАЗБИВА КИНЕСКА ИЗМАМА Стоката вредна четврт милијарда евра е само почеток на истрагата

Конкретната истрага под кодно име „Калипсо“ била насочена кон неколку криминални мрежи што управуваат со целиот процес на увоз на стока од Кина во ЕУ, што вклучува дистрибуција низ земјите-членки и продажба на клиентите, избегнувајќи царински давачки и вршејќи големи измами со ДДВ.

198

Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител (ЕППО) во Атина покрена обвиненија против 6 лица, вклучувајќи и двајца царински службеници, за нивна наводна вмешаност во криминални мрежи кои го преплавуваат пазарот на ЕУ со стока што измамнички се увезува од Кина, при што се избегнува плаќање царини и ДДВ, соопштија од Европското обвинителство.

Обвинителството на ЕУ вели и додадоа дека на атинското пристаниште е „најголема заплена на контејнери во ЕУ во вредност од најмалку 250 милиони евра“, јави дописничката на МИА од Атина.






Од ЕППО објаснија дека по координирана операција на крајот на јуни 2025 година беа заплени 2.435 транспортни контејнери на пристаништето Пиреја во Атина, исполнети главно со електрични велосипеди, текстил и обувки.

Конкретната истрага под кодно име „Калипсо“ била насочена кон неколку криминални мрежи што управуваат со целиот процес на увоз на стока од Кина во ЕУ, што вклучува дистрибуција низ земјите-членки и продажба на клиентите, избегнувајќи царински давачки и вршејќи големи измами со ДДВ.

„Овие мрежи, главно контролирани од кинески државјани, исто така се вклучени во перење пари и испраќање на профитот назад во Кина“, информираа од Европското обвинителство.

Додадоа дека за време на акцијата на крајот на јуни 2025 во четири земји, беа уапсени десет осомничени, а тогаш беа запленети и првите 500 контејнери.

„Дополнителни 1.935 контејнери, кои беа во транзит кон ЕУ беа запленети при нивното пристигнувањето на пристаништето Пиреја, со што вкупниот број достигна 2.435 и ова е најголемата заплена на контејнери досега во ЕУ. Овие контејнери, во вредност од околу 250 милиони евра, се директно поврзани со осомничените учесници во овие измамнички шеми. Во моментов, запленетите 2.435 контејнери се подложени на инспекција“, пишува во соопштението.

Од Европското обвинителство објавија дека грчките цариници отвориле само одреден број контејнери, но сите откриле слични измамнички практики – лажни декларации и потценување на вредноста.

Најмалку 500 контејнери биле со електрични велосипеди, од кои 360 сè уште не биле пријавени кај царината, но процените на обвинителството се дека врз основа на познатиот начин на работење и велосипедите биле лажно пријавени и драстично намалена нивната вредност, со цел да се избегне плаќање на анти-дампинг царините за увоз од Кина.

„Во просек, биле пријавувани само 10 – 15 отсто од вистинскиот број на електрични велосипеди во еден контејнер. Штетата за буџетот на ЕУ, само од овие електрични велосипеди, се проценува на најмалку 25 милиони евра за неплатени царини и уште 12,5 милиони евра загуби од ДДВ. Постојат сомнежи дека царинските застапници, кои се предмет на истрага, со години пријавувале ист број на контејнери за увоз на месечно ниво“, соопштија од ЕППО.

Главната европска обвинителка Лаура Ковеши рекла дека станува збор за високо организирани криминални мрежи, кои со години се специјализираат за ваков вид измама.

– Истрагата „Калипсо“ на овие криминалци им испраќа едноставна порака: правилата на играта се сменети, повеќе нема безбедни засолништа за вас! Сега овој спектакуларен успех треба да го претвориме во систематска работа: ни требаат посветени и специјализирани полициски, царински и даночни истражители во целата зона каде што дејствува ЕППО – рекла обвинителката Ковеши.

Поврзани содржини