УЧИЛИШНАТА КОШНИЧКА ИМ ЗАШТЕДИ 3.000 ДЕНАРИ НА СЕМЕЈСТВАТА СО УЧЕНИЦИ Ристески вели дека и мерките за вработување се успешни

Замени министерот за економија рече дека текот на реализацијата на оваа акција беа спроведени околу 400 вонредни инспекциски надзори во кои се утврдени мали пропусти кои веднаш беа коригирани на местата каде што се продаваше училишен материјал.

58

Интересот за мерките за вработување голем, бидејќи оперативниот обем е зголемен за 7,5 милиони евра, односно достигнува околу 40 милиони евра, изјави денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, за време на посетата на  Делчево каде што на средба со претставници со бизнис секторот ја следеше реализацијата на активните мерки за вработување и економски развој за тековната година.

Средствата, како што нагласи, се наменети не само за бизнис-секторот, туку и за невработените лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да се вработат во реалниот сектор, особено во малите и средни претпријатија.






-Овие мерки нема да останат во постојната форма, туку ќе ги унапредуваме со цел Оперативниот план да биде уште поактивен, насочен кон развој на стопанството и намалување на невработеноста. На крајот на годината ќе направиме анализа за да видиме кои мерки ќе продолжат и ќе бидат уште поблиски кон потребите на бизнис-секторот – рече Ристески.

Во Делчево заменик министерот воедно го презентираше и завршниот биланс од акцијата „Училишна кошничка“ која траеше до 15 септември.

Според првичните информации, едно семејство во просек заштедило до 3.000 денари.

-Во текот на реализацијата на оваа акција беа спроведени околу 400 вонредни инспекциски надзори. Беа утврдени мали пропусти кои веднаш беа коригирани на местата каде што се продаваше училишен материјал – рече Ристески.

Заменик министерот посетата на Пијанец и Малеш ја продолжува со средба со претставници на бизнис секторот од Берово.

Поврзани содржини