ФИЛИПЧЕ ПРВО ДА ОДГОВОРИ ЗА МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ, ПОСЛЕ ДА ПРАШУВА ЗА ДРУГО Зошто инсистирал да го земе тој тендер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Вакви прашања до него има уште многу и секое од нив го открива вистинското лице на неврохирургот кој сака да ужива на јахти, а кој со причина е заложник на семејството од Струмица, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

757

Пред да се осмели да зборува за кое било прашање, Венко Филипче е должен јавно да објасни зошто тој го реализираше тендерот за модуларните билници додека беше министер за здравство, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто за модуларната болница, наместо Министерството за локална самоуправа кое требало да ја спроведе постапката, токму Филипче лично го презеде и го реализираше тендерот? Зошто министерот за локална самоуправа одбил да го потпише договорот и да ја спроведе процедурата што му ја наметнувале тој и Зоран Заев? Зошто тогаш постапката ја превзел и ја туркал токму Филипче“, праша денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ.






Сè додека не даде јасен и издржан одговор на ова прашање, Филипче нема никаков кредибилитет да зборува за што било, се додава во соопштението.

„Вакви прашања до него има уште многу и секое од нив го открива вистинското лице на неврохирургот кој сака да ужива на јахти, а кој со причина е заложник на семејството од Струмица. Толку од нашиот одговор“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски по пожарите на повеќе депонии дека државата е цел на хибриден напад е само пиаровска драма. Тој побара одговорност и оставки од министерот за здравство Азир Алиу и од министерот за внатрешни работи Панче Топковски.

– Имаат ли сите депонии лиценци? Сите ли се на доволна оддалеченост од населените места? Работи ли некој нелегално со отпад? Од каде се увезува отпад во земјава? Конечно, да знаеме што точно се случува во тој сектор – рече Филипче.

 

Поврзани содржини