ДЕЦА-МОНСТРУМИ ПРЕТЕПАА МОМЧЕ (9) СО ПАЛКИ НА НЕГОВИОТ РОДЕНДЕН Напаѓачите се на возраст од 7, 9 и 11 години и му го скршија лицето на славеникот

Нападот се случил во петокот, додека момчето го славело својот роденден со пријатели и родители.

377

Прославата на деветтиот роденден во парк во римскиот кварт Фидене се претвори во ужас кога група врсници брутално го претепаа славеникот со палки.

Момчето беше итно префрлено во болница со сериозни повреди, каде што било оперирано, пишува италијански „Кориере“.






Детето е хоспитализирано во Универзитетската болница Умберто I поради фрактура на лицето.

Иако неговиот живот не е во опасност, лекарите сè уште се претпазливи со својата прогноза.

Нападот се случил во петокот, додека момчето го славело својот роденден со пријатели и родители.

Полицијата интервенирала кратко време по повикот и ги идентификувала напаѓачите, три момчиња на возраст од само седум, девет и единаесет години.

Случајот веднаш бил пријавен во Обвинителството за малолетници. Истражителите сега се обидуваат да ги утврдат точните околности и мотиви на нападот.

Бидејќи се помлади од 14 години, напаѓачите не се кривично одговорни.

Сепак, поднесени се обвиненија за да се утврди евентуалната одговорност на нивните родители, за кои не е познато дали биле присутни во паркот во времето на нападот.

Според достапните информации, тројцата малолетници потекнуваат од семејства со странско потекло кои живеат во областа.

Поврзани содржини