„BO ОЈО ТРЕБА ДА СЕ ИЗДИГНАТ НА КЛОЦИ“ Ковачки ги обвинува обвинителите за игнорирање на прекршувањата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денес остро реагираше по посетата на службите и побара конкретни обвиненија за злоупотреби и класични прекршувања на законите.

562

По денешната посета на службите, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, остро ја критикува работата на Јавното обвинителство, оценувајќи дека „треба да се издигне на клоци“ ако не покрене обвиненија за констатирани злоупотреби.

„Ценам дека имаме класични прекршувања на законите и злоупотреби за кои досега требало да има обвинение. Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи“, објави Ковачки на својот фејсбук профил.






Тој додаде дека не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапките, ниту јавни „забави за народ“ кои го компромитираат правниот процес.

„Поради природата и сензитивноста на состојбите, имајќи во предвид дека сум обврзан, нема да зборувам повеќе“, заклучи Ковачки.

Според експертите, неговата изјава ја отвора дебатата за одговорноста на обвинителите и прашањето за брзината и ефикасноста на постапките против злоупотребите во државните институции.

Поврзани содржини