📷 ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА Изгореа две соби и кровот на стара куќа на Климент Охридски
Битолските пожарникари со две возила и седум пожарникари успеаја да го локализираат огнот што утринава зафати куќа спроти Старата Болница.
Пожар претпладнево избувна во стара куќа на улицата Климент Охридски во центарот на Битола, спроти комплексот Старата Болница. Станува збор за објект кој претставува сведоштво на старата битолска архитектура.
Битолските пожарникари интервенираа со две противпожарни возила и седум пожарникари, кои брзо реагираа и го локализираа пожарот.
– Во моментов огнот е ставен под контрола. Во интервенцијата беа зафатени две соби и кровната конструкција на објектот – изјави командирот на Територијалната противпожарна единица Битола, Христијан Тодоровски.
Причините за пожарот засега не се познати, а екипите на терен остануваат за да спречат повторно разгорување на огнот.